Работи на кои треба да се сетите кога поминувате низ лош период

Сите проаѓаме низ лоши периоди и тоа е сосема нормално. Но, доколку не се бориме против тоа, отровните мисли ќе направат да се чувствуваме уште полошо. Доколку проаѓате низ лош период, овие работи нека бидат ваши потсетници кои ќе направат да се чувствувате подобро и секако запамтете: Се работи за лош ден, а не за лош живот.

  1. Ништо не е лесно, иако вам ви изгледа дека на некои луѓе им е навистина лесно.
  2. Сите се борат и се мачат, вие не сте сами во тоа.
  3. Многу е важно да имате повеќе добри отколку лоши денови...
  4. ... но запамтете дека сите имаат лоши денови.
  5. Денес сте се разбудиле живи и здрави...
  6. ... а тоа значи дека сте доживеале и сте поминале низ уште еден ден.
  7. Посилни сте отколку што мислите.
  8. ... и имале многу повеќе снага отколку што покажувате.
  9. Не постои некој што повеќе верува во вас отколку самите вие.
  10. ...затоа никогаш не се откажувајте од самите себе.
  11. Вие сте сакани.
  12. Не постои никој кој морате и требате да го воодушевувате...
  13. ...вие живеете за себе и за никој друг.
  14. Верувајте дека доаѓаат подобри денови...
  15. ...затоа што навистина е така.
  16. Работите кои вредат не доаѓаат лесно...
  17. ...па мора да се потрудите за да успеете.
  18. Запамтете: Лош е денот, а не животот.

Смејте се почесто и имајте надеж, добрите денови доаѓаат... само треба да издржите.