Работи кои жените можат да ги научат од мажите

Иако често жените не можат да го разберат однесувањето на мажите и сметаат дека мажите треба да се сменат, сепак постојат многу работи кои тие можат да ги научат од нив.

Изјаснете се

Додека жените често ја чуваат фрустрацијата и лутината во себе, мажите имаат тенденција директно и јасно да ги дискутираат проблемите. Кој е резултатот? Жените стануваат пофрустрирани, додека во еден момент не експлодираат, мажите кажат што имаат да кажат и продолжуваат понатаму со животот.

Поинаков поглед

Жените често се опседнуваат со ситници и мали детали и поради тоа не ја гледаат пошироката слика. За мажите е лесно да ја согледаат големата слика. Тие не сакаат да се оптоваруваат со малите детали и анализи. Совет: Потрудете се помалку внимание да обрнувате на деталите и така ќе постигнете олеснување.

Помалку трачарење и љубомора

Не е дека мажите не озборуваат, тие озборуваат и тоа почесто од жените. Но, мажите тоа го прават без скриена намера, туку за забава меѓу другарите. Од друга страна, жените се оптеретуваат со другите жени и постојано се споредуваат со нив. Тоа носи непотребни стрес и фрустрации.

Помалку замерки

Мажите често ќе се извинат сто пати, но жените никако да заборават и уште чувствуваат бес и нервоза. Кога мажите се во прашање, жената навистина би требала да ја упропасти работата за да тие и по извинувањето чувствуваат многу бес. Негативната енергија и лутењето не носат ништо добро, а тие се чести кај повредените жени. Мажите се во состојба да го исклучат лутењето и да продолжат понатаму за личноста која им значи.

Фокусирајте се на себе

Жената често учи да се грижи за другите и тоа го прави често без да помисли на себеси. Од друга страна пак, мажите се ставаат себеси на прво место. Тој може да има девојка или жена, деца и супер кариера и да се грижи за своите интереси. Жените треба да го научат тоа од мажите.