Работи кои треба да ги направите за викенд за да имате убава недела

Дали знаете да уживате во моментите? Запрашајте се колку брзо ви поминува работната недела? Дали ви е стресна и хаотична?

Моментите се убави како чоколадо, но некогаш многу ретко ги забележуваме. Всушност и самите си правиме проекции дека го мразиме понеделникот, а го сакаме петокот и така неделата брзо минува, а не мора да биде така.

Но, како да ги направиме работните денови помалку стресни и поисполнети со убави моменти.

Еве што можеме да направиме.

1) Листа на обврски кои треба да ги завршиме во текот на работната недела – Таа ќе ни помогне да не ги оставаме работите за последен рок, но и да бидеме поорганизирани.

2) Избор на облеката која ќе ја носиме – Можеме да ја одвоиме облеката која ќе ја носиме во текот на работната недела, или пак само да ги смислиме комбинациите кои сакаме да ги облечеме во текот на неделата.

3) Готвење на јадења – Некои од јадењата можат да бидат подготвени за време на викендот и замрзнати, така што можеме да ги конзумираме на работа во текот на работната недела. На тој начин, имаме шанса да јадеме поздраво и да заштедиме.

3) Да наполниме енергија за престојната недела – Освен работите кои мораме да ги направиме, да најдеме време за вистински одмор и полнење на батериите за следната недела.

4) Да прочитаме книга – Која ќе ни даде инспирација за престојната недела и проектите кои не очекуваат.