Јајцата се огромен извор на протеини, во просек секое јајце има 85 калории и 7 грама протеин.  Тие се преполни со аминокиселини, антиоксиданси и железо. Иако се препорачува да се избегнуваат за лица кои имаат проблем со холестеролот, жолчката од јајцето е богата со холин, кој помага во разградувањето на маснотиите.

Кога купувате јајца, обрнете внимание на етиктетите. Истите треба да бидат органски, тие се сертифицирани и не содржат антибиотици и хормони. Што се однесува до бојата, таа варира во однос на видот на кокошката. Сите имаат иста хранлива вредност.

Јајцата го намлуваат ризикот од срцеви заболувања

Комбинацијата на холестерол кој е содржан во јајцата помага во разградување на насобраните масти од артериите со што го прави полесен протокот на крвта и ја намалува шансата од инфаркт.

Енергетска бомба

15% од составот на јајцето е ПДУ витамин Б2, кој е еден од витамините кои му помагаат на телото храната да ја претвори во гориво. Спортистите ги вклучуваат во својата исхрана за да имаат повеќе енергија за напорните тренинзи.

Здрава коса и кожа

Комплексот на Б витамини содржан во јајцето е особено важен за здрава кожа и коса, како и за функционирањето на нервниот систем бидејќи помага за негово регенерирање.

Помалку стрес и анксиозност

Недостаток на аминокиселини може да предизвика и ментални последици. Јајцата се богати со 9 вида на аминокиселини, од кои некои влијаат на регулирањето на серотонинот. Серотонинот е хормон кој го предизвикува чувството на среќа.

Поздрави коски и заби

Јајцата се еден од ретките природни извори на витаминот Д. Витаминот Д помага примарно во апсорпцијата на калиумот кој ги прави коските цврсти и здрави.

Заштита на мозокот

Јајцата се храна за мозокот. Поради есенцијалната хранлива материја наречена холин, кој е составен дел од клеточните мембрани и неопходен за синтеза на ацетилхолин и невротрансмитерите. Според некои податоци, 90% од луѓето внесуваат недоволна дневна количина на холин, па затоа всушност имаат намалена когнитивна функција.