Работи кои луѓето со здраво срце и душа секојдневно ги прават!

Чувствата се многу важни за здравјетo на човекот, па секоја нивна турбуленција може да влијае на стабилноста на вашето тело и ум.

Не ги натрупувајте чувствата во својата душа, туку пуштете ги слободно да летаат, без срам и без стегање. Време е да ги исполните желбите на својата душа и да се чувствувате исполнето, но не од утре, туку од денес присвоете ги овие мали навики кои се предуслов за среќен живот.

Еве што секојдневно прават луѓето со здрава душа:

1. Замислете си дека вие сте својот најдобар пријател. Што би си рекле самите на себе?

2. Користете го времето кога одите на работа за потрага по убавина. Искористете ја својата моќ за забележување и секој ден на пат до работа забележувајте 5 убави работи или појави. Особено обрнете внимание на неочекувана или дискретна убавина.

3. Помогнете некому. Придржете ја вратата, земете некоја тешка кеса... ситниците и малите знаци на внимание многу значат.

4. Запишете ги своите мисли. Префрлете ги на хартија своите фрустрации, повреденост, лутина или кои било чувства кои ве измачуваат и тогаш ослободете се такашто ќе ја фрлите или запалите таа хартија.

5. Внимателно одбирајте со кого ќе го поминувате вашето време. Бидете со луѓет кои шират позитивна енергија. Избегнувајте ги оние кои се полни со песимизам и негативност. Опкружете се со луѓе кои ве инспирираат.

6. Играјте си со кученце или мачка. Животните можат само да ве оплеменат.

7. Изведете се самите себе на состанок. Направете нешто што ви годи: дали е тоа ваше хоби, читање, филм, театар или можеби посета на музеј?

8. Направете си домашна спа, наполнете ја кадата, читајте го омиленото списание додека пиете кафе од вашата омилена шолја додека удобно седите во меката фотелја.

9. Испланирајте дводневен одмор за следниот викенд. Отпатувајте некаде или јавете им се на сите да им кажете дека сте зафатени и бидете турист во сопствениот град, правете нешто ново и забавно.