Работи кои ги научив во моите најважни моменти од животот

Ова се нештата кои полека ги учам во животот додека созревам.

Учам дека моќта е во начинот на којшто реагирам на работите и луѓето околу мене.

Конечно сфаќам дека не морам да реагирам на сите нешта околу мене. Особено на оние кои не можам да ги променам. Учам да си заминам кога некоја ситуација или личност прават да се чувствувам негативно и на тој начин учам многу за себеси. Конечно учам дека не морам да реагирам лошо на сите лоши нешта кои ми се случуваат. Некои се лекција, некои отвораат врата за нешо подобро, а некои едноставно се случуваат за да ме променат.

Учам да ги пуштам нештата да завршат кога мораат.

Учам дека треба да престанам да трошам време и енергија обидувајќи се нешто да успее и покрај тоа што нема никакви шанси за тоа. Учам да ги пречекам краевите во мојот живот и да се подготвам за нови искуства. Да се насмевнам на новите почетоци и да не се плашам од промените.

Учам дека нема ништо лошо во тоа да си чувствителен

Учам дека покажувањето на чувствата не е толку лошо. Дека треба да се ценам себеси  и моите чувства. Другите луѓе можеби ќе имаат проблем со тоа, но тоа е мојата реалност. Ако тие имаат проблем со мојата чувствителност, не ни заслужуваат да се дел од мојот живот.

Учам дека постои разлика меѓу “треба“ и “сака“.

Постои голема разлика меѓу нештата кои ги сакам и оние кои ми се потребни. Учам дека понекогаш сакањето е ирационално и неповрзано со тоа што ми треба. Го учам балансот меѓу двете нешта.

Учам да престанам да им дозволувам на луѓето да доаѓаат и да си одат како што им одговара.

Не дозволувам веќе да имам отворена врата низ која луѓето ќе доаѓаат и заминуваат кога им одговара. Ако сакаат да имаат место во мојот живот, треба да го заслужат. На крајот на краиштата, ако ме ценат не би го ни правеле тоа. За мене е важна постојаноста. Сакам да ги ценам оние кои ме ценат и ним да им се посветам наместо на оние за кои сум само личност со која сакаат да го потрошат своето време.

Учам дека сите правиме грешки.

Без оглед на сè, сакам да им простам на луѓето. Да си простам и себеси. Да дадам уште една шанса, но да не верувам целосно и слепо.

Учам колку е важно да се цени еден момент пред тој да помине

Учам дека во денешно брзо време со нови технологии, многу е лесно да го испуштиш моментот и тој мошне брзо да стане минато. Учам да сум тука во сегашноста, не само физички, туку и умствено.