Работам и за празник и за делник

Недела е, а во трговскиот центар има премногу луѓе кои купуваат.Работат сите продавници. Гужва и турканици, како да се делат бесплатни чоколади.

Имам 25 години, завршив факултет, но не можев да најдам работа по својата струка.Почнав со работа во еден познат моден бренд за машка и женска облека.Додека сите го користат продолжениот викенд за прошетка, море...јас со безличен израз на лицето погледнувам кон муштериите кои ги расфрлаат тукушто убаво наредените парчиња облека.

Доаѓаат купувачите со исти прашања која е цената на маицата на која има огромна етикета со големи бројки каде е впишана сумата.Така без сила со последните атоми енергија одговарам 299 денари е повелете.

И така секој ден без оглед на времето кое го покажува часовникот.

Се прашувам дали некој ги забележува тажните уморни лица на продавачите?Дали некој помислува колку е тешко што работиш во официјално неработниот ден? Какво е чувството на газдата кога намерно им доцни со платите, а он се пакува и оди на безобразно скап одмор?И како ќе им биде ако утре неговата жена / девојка работи во бутик до 22 часот навечер во недела?

Сé гледате низ призмата на парите, не се важни ниту тажни човечки судбини, ниту туѓото здравје или насмевка.Работите нема да се променат, секогаш ќе има луѓе што вредно ќе работат во неработните денови.

Според Законот за работни односи

Полното работно време не смее да биде подолго од 40 часа неделно ако договорот за вработување гласи на полно работно време. Со закон, односно со колективен договор може да се одреди како полно работно време, работното време кое е пократко од 40 часа неделно, меѓутоа не помалку од 36 часа неделно.

Прекувремената работа претставува работа која се врши преку утврденото полно работно време. Според Законот за работни односи работодавачот може да побара од работникот да врши прекувремена работа во следните случаи:

1) во случаи на исклучително зголемување на обемот на работата;

2) ако е потребно продолжување на деловниот или производниот процес;

3) ако е нужно да се отстрани оштетување на средствата за работа, што би предизвикало прекинување на работата;

4) ако е потребно да се обезбеди безбедност на луѓето и имотот, како и безбедноста на прометот и

5) во други случаи определени со закон или колективен договор.

Прекувремената работа може да трае најмногу осум часа во текот на една недела и најмногу 190 часа годишно, освен за работите кои поради специфичниот процес на работа не можат да се прекинат или за кои нема услови и можности да се организира работата во смени. Прекувремената работа во период од три месеци не може во просек да надминува повеќе од осум часа неделно.

Работодавачот е должен да води посебна евиденција за прекувремената работа и часовите за прекувремената работа посебно да ги наведе во месечната пресметка на платата на работникот и за секое воведување на прекувремена работа претходно писмено да го извести подрачниот државен инспектор на трудот.

За вршењето на прекувремената работа на работникот му следува надоместок како додаток на основната плата утврдена во договорот за вработување.

Основната плата на работникот се зголемува по час најмалку за:
– прекувремена работа ………………………………………………… 35%
– работа ноќе………………………………………………………………… 35%
– работа во три смени ……………………………………………………. 5%
– работа во ден на неделен одмор.. ………………………………. 50%

За работа во денови на празници и неработни денови утврдени со  закон, работникот има право на надомест на платата што му припаѓа кога  во тие денови не работи и плата за поминатите часови на работа  зголемена за 50%.

Правото на зголемен надоместок по основ на работа во три смени работникот го остварува само за ефективно проведено работно време во смени.