Работа во странство со македонски пасош: На овие линкови можете да се пријавите!

Конечно, Македонците без бугарски пасош можат да работат во Норвешка, Шведска и Германија. Со посета на сајтот, ec.europa.eu/eures, можете да најдете вработување на еден од огласите кои се објавени.

За да се замине во Шведска, потребен е само пасош, а останатите услови се договараат со работодавецот. Според претставникот на Шведската амбасада во Хрватска, за во скандинавската земја не постои иселеничка виза. Доволно е само еден член од семејството да најде работа и потоа може да ги повлече и останатите членови.

Речиси идентично е и заминувањето во Норвешка. Таму се работи 7,5 часа дневно, а работниците добиваат 30 дена одмор. www.jobboerse.arbeitsagentur.de  Ова е веб страната за работа во Германија.

Во продолжение дефицитарните кадри во овие земји

Германија: ИТ, машински инженери, електроничар, електричар, електроинсталатер, водоинсталатер, лекар, медицински сестри и негуватели на стари луѓе и болни деца.

Шведска: Стоматолози, книговодители, готвачи, пекари, молери, градежни техничари и инженери, електроинженери, ИТ сектор.

Норвешка: Готвачи, пекари, градежни техничари и инженери, медициснки сестри и лекари.