Пуштени во продажба билетите за натпреварите со Норвешка и Австрија

Фудбалската федерација на Македонија денеска ги пушти во продажба влезниците за натпреварот на А репрезентацијата со Норвешка и за квалификациската пресметка на младинците против Австрија.

Влезниците за сениорскиот дуел Македонија- Норвешка се по цена од 100 и 150 денари. Дуелот е закажан за 11 ноември на Национална арена „Филип Втори“ во Скопје со почеток во 18:30 часот.

На истото место на 14 ноември од 13 часот, ќе играат селекциите на Македонија и на Австрија составени од фудбалери до 21 година. Цената на билетите за овој меч во рамките на квалификациите за ЕП изнесува 100 денари.

Влезница може да се набави преку продажната мрежа на mktickets.