Пуштени во продажба билетите за дуелот Вардар - Барселона во ЛШ

Натпреварот меѓу Вардар и Барселона во рамките од групната фаза од лигата на шампионите е закажан за 14 октомври 2017 година, а со цел сите заинтересирани навреме да купат билети, истите се веќе пуштени во продажба.

Продажбата на билетите за натпреварот Вардар - Барселона ќе се врши преку продажната мрежа на ТикетПлус, како и онлајн на www.ticketplus.mk.

Цената на билетите за овој натпревар е:

Трибина - 350 денари
Стоење - 150 денари

РК Вардар информира дека имателите на Вардар ПАС и сезонска картичка на РК Вардар можат да присустуваат на овој натпревар само со приложување на електронскиот ваучер на влезот од СЦ „Јане Сандански".