Пуштена во употреба реконструираната училишна спортска сала во ООУ “Димитар Поп Георгиев Беровски” во Ѓорче Петров

Пуштена во употреба реконструираната училишна спортска сала во ООУ “Димитар Поп Георгиев Беровски” во Ѓорче Петров.

Во оваа фаза, целосно е променет подот на салата, кој е повеќенаменски, односно освен за училишни, може да се користи и за спортски сали. Истиот е одобрен и од Интернационалната федерација за ракомет. Исто така, салата е и целосно внатрешно бојадисана.

– Ќе се согласиме дека физичкото образование е еден од најважните сегменти во образовниот процес, кој има повеќекратни позитивни ефекти врз идниот физички и психолошки развој на младите генерации со кои ќе се гордееме. Општината ја заврши реконструкцијата на дел од спортската сала, со што се овозможува топлотна изолација, енергетска ефикасност и подобрени хигиенски услови. Со новиот под, се обезбедуваат услови за сите спортско-рекреативни активности, а придобивка ќе имаат и спортските клубови и друштва – рече градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски.

За понатаму, планирана е реконструкција и на други сали во училиштата низ општината, со што децата ќе добијат современи и безбедни услови за реализација на наставата по физичко образование.