Пукање во скопско Козле: Со бомба и куршуми врз возило „Ауди“

Во 02 часот и 50 минути утринава, во Скопје на улицата „Козле“, од страна на непознат сторител било пукано од огнено оружје, најверојатно од автоматска пушка во возило „Ауди“, кое припаѓа на скопјанецот Р.К.

Била фрлена и експлозивна направа која не се активирала. По извршување на кривичното дело лицето го напуштило местото на настанот. Повредени лица за среќа нема.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.