Пукање во скопско Арачиново

Испукани куршуми во скопското село Арачиново.

Во скопско село Арачиново, вчера во 22:20 часот А.И.  пријавил дека додека Ф.З. (22) од село Арачиново и други лица активисти на политичката партија „БЕСА“ лепеле плакати, во нивна близина застанало патничко возило „Голф“ со скопски регистарски ознаки, во кое имало непознато лице кое го отворило прозорецот и од огнено оружје испукало еден куршум во воздух, по што заминало во непознат правец.

По дваесетина минути, пријавителот и останатите активисти се вратиле на местото на настанот и успеале да најдат една чаура, која ја однеле во Полициското одделение Арачиново.

 Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на настанот.