Пукање во маркет на „Дижонска“

Во маркет на улица „Дижонска“ во Скопје две лица извршиле разбојништво и со закана со пиштол од вработениот одзеле околу 30.000 денари од дневниот промет.

Инцидентот се случил вчера во 22 часот.

Притоа, како што информираат од МВР, едно од лицата испукало куршум, но повредени лица нема.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и за целосно расчистување на случајот.

cheap nike free run 5.0