Пукање во Батинци

Во 04.15 минути во СВР Скопје, 27-годишниот С.Н. од село Батинци, скопско, пријавил дека на излез од село Батинци, додека се движел со патничко возило „Фолксваген голф“, кон него со оружје пукале Р.А. и Ш.А. двајцата од селото.

МВР информира дека при пукањето за среќа не го повредиле.

По преземени мерки Ш.А. бил пронајден и приведен во полициска станица.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.