Пукање пред училиште во Ченто

Во 11 часот и 30 минути во населба Ченто, пред Основното училиште „25-ти Мај“, непознато лице на деветгодишно дете и на други 20-тина  ученици, им вперило пиштол, по што испукал еднаш во воздух и побегнало од местото на настанот.

Повредени во инцидентот за среќа нема.Се преземаат мерки за пронаоѓање на насилникот и за целосно расчистување на случајот.