Пукање поради одмазда во Батинци, едно лице на Ургентен

Едно лице е повредено во пукотници во скопското село Батинци. Инцидентот се случил вчера околу 18,10 часот на ул. „7“.

Додека М.Н.(44) се движел со М.Ш.(51) со возило кон нив било пукано од огнено оружје од страна на Ш.А.(29) од с.Батинци, при што на М.Н. му биле нанесени повреди – прострелни рани во пределот на раката, ногата и стомакот, и тој по првично укажаната лекарска помош во Поликлиниката Драчево, со брза помош бил пренесен во Ургентниот центар.

Причина за настанот била расправија која ја имале со семејството на Ш.А. истиот ден.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје и се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.