Пукање и кражба викендов на Бит Пазар, скопјанец застрелан во нога

Во саботата вечер во СВР Скопје била пријавена кражба на ул. „192“ на Бит Пазар. Во текот на кражбата бил испукан проектил од пиштол, кој завршил во ногата на А.Ш. (42) од Скопје.

Тој бил префрлен во Комплекс клиники за укажување на лекарска помош, каде му била констатирана телесна повреда на стапалото и бил пуштен на домашно лекување. Возилото во кое е извршена кражбата е обезбедено. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.