Пудинг-бомбици

Иако често правиме пудинг, а и бомбици, сепак, сигурно не сте се сетиле за спој на овие две нешта.

СОСТОЈКИ:

½ л млеко

4 лажици шеќер

1 кесе пудинг од ванила

1 лажица екстракт од ванила

3-4 капки екстракт од малини

100 гр кокос

ПОДГОТОВКА:

Се прави пудинг на вообичаен начин. Се одвојува малку млеко, се разматув со пудингот, па се се става во млекото со шеќерот и ванилата да поврие.

Оладениот пудинг се меша со кокосот, се чека да се олади и смесата се дели на два дела. Во едниот се става екстрактот од малини, а другиот се остава чист.

Се прават топки и се валкаат во кокос.