Публиката го награди „Бикини Мун“ со френетични аплаузи (ФОТО)

Во скопското кино „Милениум“, синоќа пред преполна сала се одржа премиерата на новиот филм на македонскиот режисер Милчо Манчевски, „Бикини Мун“, кој е американско-германска копродукција.

На премиерната проекција присуствуваа бројни актуелни и поранешни функционери, луѓе од бизнис сферата, ценети професори, актери, режисери, продуценти, музичари и новинари.

Пред самата премиера на „Бикини Мун“ беше прикажан петминутниот филм на Манчевски, „Крајот на времето“.