Публика од сите генерации: Адреналински настап на Продиџи во Охрид (фото)

Стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид вчеравечер беше повторно сведок на едно светско музичко случување.

Британската енергетска музичка сензација „Продиџи“ во рамките на промотивната турнеја на последниот албум „The Day Is My Enemy“ претстави дел од новите нумери, но не ги остави фановите без хитовите со кои е препознатлив, како „Omen“, „Firestarter“, „No good“, „Smack my bitch up“ итн.

„Продиџи“ неколку дена пред настапот најави дека ќе донира финансиски средства за семејствата што беа зафатени од невремето во околината на Скопје.