Психолозите откриваат зошто некој се заљубува во нас

Веројатно сте се запрашале која е причина зошто некоја личност се заљубила во вас. Голем дел од луѓето не можат да објаснат зошто се заљубуваат, па често коментираат дека љубовта е слепа.

Можеме да се прашаме дали можеме да влијаеме на друга личност да се заљуби во нас? Психолозите имаат одговор на ова прашање.

  1. Луѓето имаат тенденција да се заљубуваат во луѓе кои им се слични. Тоа најчесто се случува со личност со која делите исти вредности, имате слични животни искуства.

  2. Ако сакате некој да се заљуби во вас, проверете какви се нивните родители. Тоа значи дека доколку поседувате особини кои ги имаат и родителите на вашата личност која ви се допаѓа, тогаш имате добри шанси тие да се заљубат во вас.

  3. Голем удел во физичката привлечност има и биологијата. На пример, жените се попривлечни за време на овулацијата и подобро мирисаат веднаш по месечниот циклус, а мажите по спортската активност.

  4. Според психолозите, споделувањето на лични возбудливи, па дури и застрашувачки искуства е одличен начин да натерате некој да се заљуби во вас.

  5. Насмеаните луѓе имаат подобри резултати во однос на тоа да бидат забележани од друга личност. Истражувањата покажуваат дека луѓето кои почесто се смеат, имаат поголеми шанси да освојат нечие срце.