Новото истражување покажува дека гласот може да открие многу за луѓето, а особено и тоа дали таа личност изневерува или не. Резултатите од ова истражување се објавени во списанието Evolutionary Psychology, а истражувањето е спроведено од Сузан Хјуџиз и Мариса Харисон.

Во рамки на истражувањето на испитаниците им биле пуштени снимки од гласови на 10 мажи и 10 жени, кои броеле од 1 до 10, а тие требале да донесат заклучоци за гласовите кои ги слушнале.

„Гласот пренесува важни информации во врска со успехот на полето на спортот и сексуалната активност. Половина од испитаниците истакнале дека имале сексуален однос со личност со која не се во врска, односно дека изневерувале, додека пак другата половина истакнала дека никогаш немаат изневерено. Откриено е дека луѓето кои слушале, ги препознавале гласовите на оние кои некогаш во животот ги изневериле своите партнери“, потенцираат Хјуџиз и Харисон.

Истражувањето покажало дека од гласот може многу да се открие, па кога и самиот глас не е поврзан со контекстот и личноста. Овие научници немаат одговор зошто сме толку добри во читањето и препознавањето на гласовите, но потврдуваат дека ако обрнеме внимание, можеме да го забележиме тоа.