Првото скопско пиво “Аловина” во најстарата пивска кригла (фото)

Најстарата оригинална скопска пивска кригла потекнува од 1908 година.Таа е изложена во едно од  кафулињата во денешно Дебар маало. Според мислењето на музејските кустоси како и луѓето кои се бават со антиквитети, овој артефакт е веројатно единствениот сочуван примерок од тоа време. Пивската кригла потекнува од пиварата “Прва Парна Пивоварна”, која била лоцирана кај денешната општина Бирарија и била една од настарите пиварници на овие простори.

Стара Бирарија се наоѓала во денешна општина Кисела Вода со седиште лоцирана на улицата Томе Арсовски б.б. Со денешни архитектонски репери тоа би била реонот помеѓу улицата Огњан Прица и црквата Св. Петка.

Нај­ста­ра­та зачувана кригла за пиво привлекува внимание, како по нејзиниот не­о­би­чен изглед и функционалноста така и по цртежот кој го има на неа, на кој е прикажана најстарата пиварница “Бирарија”. Криглата има из­дол­же­на форма, тесното грло се проширува кон дното, од страната има тен­ка полукружна рачка, а на самиот отвор на врвот метално капаче, со кое се затвора. Капачето е убаво, речиси филигрански изработено, и лес­но се подига со движење на раката. Пиварницата “Бирарија”, која е при­ка­жа­на на цртежот, изгледа како некој волшебен предел од бајките, блика зе­ле­ни­ло и недопрената природа од планината Водно, која се наѕира над об­јек­тот на пиварницата. Прикажана е главната зграда, но и некои прид­руж­ни простории кои се во нејзин состав.

Кога сме кај старо Скопје и пивото, да го споменеме домашното пиво „Аловина“ што се правело во тој период.Посебен вид на алкохолен пијалак било домашното пиво “Аловина”. Тоа се приготвувало со киснење и набубрување на јачмен или овес, потоа се сушело и се мелело за да се добие брашно. Од добиеното брашно се замесувало тесто со студена вода и се ставало на дното на некој сад. Врз него се поставувал вжарен камен и веднаш потоа садот се полнел со врела вода, по што доаѓало до вриење, односно ферментација. Така се добивал жолтеникав пијалак со вкус на денешното пиво.

ОВДЕ може да погледнте како изгледала најстарата скопска пивска гајба.

Извор: Вест и Архео