Првото родено бебе во Скопје е женско

Првото бебе во новата 2018 година се роди на Клиниката за гинекологија и акушерство – Скопје. Новороденчето е женско и истото е родено во 00.01 часот, со родилна тежина од 3070 гр. и должина од 49см.

Клиниката ќе ја посетат министерот за здравство, Венко Филипче, министерката за труд и социјална политика,  Мила Царовска и градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов.