Прво најава, па потоа блокирање на сметка – измени во законот за извршување

Новиот закон за извршување стапува на сила од 1 јануари 2017 година, а со него повеќе извршителите нема да можат да повлекуваат пари од сметките на должниците, без претходно да ги информираат.

Со новите измени, сега должникот мора да биде информиран дека има некаков долг, па потоа добива рок од три дена да го подмири долгот и доколку тоа не го направи, тогаш му се блокира сметката.

Покрај тоа, должникот ќе биде известен каде и колку должи, така што нема да губи време за проверка каде се настанати долговите.

Во првите девет месеци извршителите во земјава примиле над130 илјади барања за извршување . Реализирани се 28 отсто од нив. Вкупниот износот на наплата од извршување изнесува над 76 милиони евра, два милиони евра помалку од лани.