Спорт
17. February 2017 - 14:53

Прво државно првенство во уметничко лизгање во Македонија

На 24 и 25 февруари во Скопје ќе се одржи Државно првенство во уметничко лизгање „Skopje on Ice“  во СЦ „Борис Трајковски-ВИП АРЕНА прво во историјата на Македонија. Натпреварот има национален, но и меѓународен карактер и на него ќе учествуваат спортисти во повеќе категории, односно во меѓународно признаените категории: Младинци/ки, Јуниорки, Сениорки, како и во категориите за помлади натпреварувачи Кадети Ц и Б, и во интерпретативни категории согласно возраста на натпреварувачите.

На натпреварот, покрај домашните, ќе учествуваат натпреварувачи и од Република Србија, Република Словенија, Република Грција и Кралство Шведска. Ќе има над 60 натпреварувачи, од кои половината домашни, а останатите од странство. На натпреварот ќе има меѓународно признати судии од неколку држави во Европа.

Очекува уште поголем успех на натпреварувачите во иднина и пласман на некое од големите европски и светски напреварување. За тоа, вели, неопходно е Федерацијата за лизгачки спортови на Македонија да стане членка во Меѓународната лизгачка федерација, на што веќе интензивно се работи, условите за членство се исполнети, а апликација е веќе пратена. Очекуваме, рече, оваа година да бидеме примени како рамноправна членка.