Првиот заболен од коронавирус повратник од Италија

Повратник од Италија е првиот случај заболен со коронавирус евидентиран во земјава, дознава „Скопје Инфо“. Како што дознаваме, се работи за лицето за кое министерот Венко Филипче на прес конференција попладнево рече дека се чекаат резултатите дали е позитивен на вирусот.

Денеска три лица се пријавиле на Клиниката за инфективни болести со симптоми на грип, на кои им се извршени тестирања за коронавирусот.

Премиерот Оливер Спасовски, министерот за здравство Венко Филипче и д-р Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје во 16:30 часот ќе дадат изјава за медиумите во владиниот прес центар.