Првиот скопски извиднички одред започна со пролетни активности

Првиот Скопски Извиднички одред ги започна своите пролетни активности со акција на чистење на Матка.

Акцијата започна во делот на последната автобуска постојка и паркингот кај браната, каде извидниците успеаа да соберат дури 15 веќи отпад. Ситуацијата ја опишаа како алармантна, бидејќи, можеби најубавото излетничко место во околината на Скопје се дави во отпад!

Акцијата се одвиваше изминатиот викенд и на просторот на кањонот Матка, каде извидниците собираа отпад кој излетниците го имаа оставено зад себе. Началникот на Првиот Скопски Извиднички одред, Снежана Јанковиќ, ја искористи приликата да апелира до сите кои го посетуваат кањонот да бидат совесни и да внимаваат на хигиената.

Оваа акција е прва во кампањата под назив „За чиста и зелена Матка“ планирана во делот на пролетните активности, кои се очекува да продолжат и во наредниот период.