Први впечатоци по слетувањето на „Црвено-црните“

Вардаровата експедиција пристигна на скопскиот аеродром заедно со европската титула. „Црвено-црните“ ракометари се подготвени да се забавуваат по херојскиот викенд кој го имаа во Келн.

„Слушнавме дека ќе има голема прослава, голем празник во Скопје и ние сме подготвени да славиме“ изјави за Македоски спорт Алекс Душебаев.

„Можам само да замислам што не очекува“ кратко прокоментира Тимур Дибиров.

Херојот на ракометниот европски шампион Вардар кој во финалето на Лигата на шампионите го постигна последниот и најзначен гол за историска победа на Вардар вели дека чувството е неверојатно.

-Прекрасно чувство. После натпреварот беше неповторливо. Кога ќе видиш волку народ и колку не сакаат..немам зборови сега, вели за Курир Иван Чупиќ.

-Не сме свесни што направивме, ова навистина е голем успех. Пресреќни сме и им благодарам на сите на поддршката кои ни ја даваат, по слетувањето рече Циндриќ.

Сите сме пресреќни и знаеме дека донесовме голема радост на Македонија и на македонскиот народ. Им благодарам на сите што беа со нас, пресреќни сме!

Ова го изјави ракометарот на Вардар Илија Абутовиќ, симнувајќи се од авионот кој ги донесе шампионите од Келн во Скопје и држејќи го пехарот во рака.