Првата половина од „триесетката“ најразична за браковите во Македонија

Првата половина од триесетката е најризична за браковите во Македонија, а периодот помеѓу 25-30 години е возраста кога најчесто се склопуваат браковите во Македонија. Вакви статистички податоци покажува последното истражување на Државниот завод за статистика објавено пред неколку месеци.

Според податоците во него најголемиот број на разводи во Македонија се случиле во периодот помеѓу 30-35 години. Оваа возраст е подеднакво ризична кај мажите и кај жените.  Понатаму на листата како најразичен се смета периодот помеѓе 35-40 години.

Најризичен месец за развод е декември, додека најмалку бракови се прекинуваат во август. Статистиката покажува дека најмногу бракови се склучуваат во август, а најмалку во март.

Според траењето на бракот, најголем број разводи, 498, се случиле од 5 до 9 години по склучувањето на бракот.

Законски причини за прекин на бракот

Многумина од нас поради недоволна информираност, или едноставно поради недоволна заинтересираност во оваа област, не си ги знаат своите права во бракот и не се свесни за фактите односно настаните кои претставуваат основа за развод на брак. Свесни сме дека разводот на бракот е една од најнесаканите одлуки во животот на секој човек, бидејќи човекот како битие, е создаден за да биде и опстојува во заедница, да има со кого да споделува, едноставно да има со кого да води заеднички живот. Всушност, ако се навратиме на праисторискиот период кога луѓето живееле во племиња, најголема и најстрога казна која можела да биде изречена од страна на старешината била протерување од племето. Навидум не изгледа како “казна”, меѓутоа нема поголемо зло за човекот од тоа да остане сам на овој свет, посебно во тие дамнешни времиња и услови за живот.

И покрај сите факти, понекогаш (во денешно време многу често за жал) разводот е единственото решение во одредени брачни заедници. Сепак, подобро е добар развод отколку лош брак.

Нашето законодавство предвидува 3 причини врз основа на кои бракот може да се разведе, а тоа се следниве:

  • Со заемна согласнот на брачните партнери за развод на брак
  • По барање на еден од брачните партнери ако брачните односи се до таа мера нарушени што заедничкиот живот станал неподнослив
  • Со фактички престанок на бракот