Првата епизода од најновата сезона на Game of Thrones достапна преку мобилен телефон само со услугата HBO GO на Вип

По светската премиера на мега-популарната серија Game of Thrones, Вип со големо задоволство ги известува пасионираните гледачи на оваа серија, дека првата епизода од најновата сезона можат да ја проследат каде и да се во Македонија и тоа на својот мобилен телефон или лаптоп користејќи ја услугата HBO GO.

За потсетување, услугата HBO GO е достапна со пакетот HBO Premium кој ги вклучува и телевизиските канали HBO, HBO2 и HBO3. Пакетот HBO Premium е достапен за сите корисници на Vip Комбо, Vip Комбо Lite, Vip TV и Vip TV Lite, со месечна претплата од 299 денари.

HBO GO е исто така достапна за активација како самостојна услуга, за следење на содржините преку интернет, за сите корисници на Vip Комбо и Vip Комбо Lite, за корисниците на други фиксни услуги, како и за Vip Постпејд корисниците (со Vip SIM-картичка), со претплата од 249 денари/месечно.

За следење на HBO GO преку компјутер, потребно е корисниците да пристапат на www.hbogo.mk и да се регистрираат. За користење HBO GO на смартфон или таблет, потребно е да се инсталира мобилната апликација HBO GO од Google Play Store или од App Store во зависност од уредот. Откако корисникот ќе ја преземе мобилната апликација, треба да се регистрира за користење на HBO GO. Повеќе информации за оваа услуга можете да добиете на www.vip.mk или со јавување во Контакт центарот на Вип на 077 1234.