Прва епизода од проектот Сирова култура во МКЦ

Во Младинскиот културен центар (МКЦ) на 6 април (сабота) во 20 часот ќе се одржи првата епизода од проектот Сирова култура.

Овој проект, МКЦ го стартуваше со идеја на младите и талентирани артисти да им отстапи простор и време да ги претстават своите дела.

Сирова култура ќе се случува неколку пати годишно, со повик за аплицирање и со еднодневен настан на кој ќе учествуваат селектираните артисти.

На првиот повик за Сирова култура пристигнаа точно 60 апликации.

Во првата епизода на Сирова култура учествуваат:

Ангела Стојковска, Андреј Павлов, Гаја Смилевска, Ѓорѓи Динев, Ивана Стојковска Seerma, Илчо Илиевски, Кристина Карапеоска, Сали Ертунч, Стефан Младеновски, Стефанија Бетоска, Бригада 3, Minstrel’s Gallery, Флоре, Дактили, Војводата, Вероника Димоска, Викторија Ангеловска, Георгина Петреска, Кристина Павлеска, Мануела Златкова, Михаил Куртевски и Николинка Митрева.