Прв „Ракија фест“ во Скопје

Поп-пејачот Владо Јаневски ќе биде ѕвезда на фестивалот „Ракија фест“ што ќе се одржи од 29 ноември до 1 декември во Скопје. Тој ќе има двочасовен концерт на плоштадот Мајка Тереза (спроти МОБ). Настанот ќе почне со староградска музика, ќе свири етно бенд, ќе пее и Симона Поповска, а ќе заврши со диџеј журка.

Организаторите засега не ги откриваат имињата на музичарите што ќе настапат на 30 ноември и 1 декември. Инаку, ова е прв „Ракија фест“ во Скопје.