Прв концерт на Златко Ориѓански и Бени Шаќири

Голем концерт на Златко Ориѓански и Бени Шаќири со пријателите во Македонска Филхармонија на 20 април со почеток во 20:30 часот. Двајцата музичари ќе понудат едно сосема поинакво музичко издание. На концертот ќе бидат изведени сите песни од албумот „Добро утро госпоѓо“.

Ориѓански и Шаќири се долгогодишни соработници, а својата заедничка приказна ја започнаа со „Си беше еднаш“ и „Генерале“, која стана дел од музиката за претставата „Солун град на духови“ на режисерот Слободан Унковски, па продолжија со „Галена“, „Анице“ и со уште многу други песни кои публиката ќе има можност да ги слушне на 20 април.