Прв директен лет од Скопје до Доха

Граѓаните и бизнис заедницата кои до сега мораа да менуваат авиони за да стигнат до оваа атрактивна дестинација на Блискиот Исток, од јули во Доха ќе патуваат со директен лет за само 5 часа.

Егзотичните плажи и луксузот на катарската престолнина стануваат достапни и за македонските туристи. Граѓаните и бизнис заедницата кои до сега мораа да  менуваат авиони за да стигнат до оваа атрактивна дестинација на Блискиот Исток, од јули во Доха ќе патуваат со директен лет за само 5 часа. Министерот за транспорт и врски најави дека ексклузивната авиокомпанија „Катар ервејс“ донела одлука да влезе на македонскиот пазар. Првиот лет ќе се реализира на 17 јули годинава, а во меѓувреме компанијата ќе ги започне процедурите за добивање на потребните дозволи за летање. 

Со ова, според Мисајловски се реализира уште едно залагање на Владата за зголемување на бројот на достапни авиолинии. Авиосообраќајот во Македонија постигна вистински напредок како по бројот на патници, така и по бројот на нови дестинации, рече министерот.

Во 2005 година биле превезени близу 580.000 патници од двата аеродроми, а лани само низ скопскиот аеродром Александар велики минале близу 1.651.000 патници. Заедно до 142.000 кои летале од охридскиот аеродром, земјава достигнала рекордни 1.8 милиони превезени патници во 2016 година.