Состојки:

Лепче - 1

Крем сирење - 230 гр.

Чедар - 285 гр.

Говедско месо (исецкано) - 170 гр.

Млад кромид (исецкан) - 1 грст

Домат (исецкан) - 1

Бабура (исецкана) - 1

Лут сос (табаско) - 1/2 лажичка

Чили зачин - 1/2 лажичка

Начин на подготовка:

Чекор1:

Загрејте ја рерната на 175 степени.

Чекор2:

Сечете овално парче од горниот дел на лепчето, а потоа извадете ја средината така што ќе направите простор за другите состојки. Ставете го лепчето во тава за печење.

Чекор3:

Во голем сад измешајте го крем сирењето, чедарот, говедското месо, младиот кромид, доматите, бабурите, лутиот сос и чилито.

Чекор4:

Со лажица пополнете го празниот простор во лепчето со мешавината. Печете 30-тина минути.

Служете го додека е топло.