Вчера околу 13,00 часот во Скопје на ул.„Кеј 13-ти Ноември“ за време на одржување на ненајавен собир организиран од страна на СДСМ дошло до нарушување на јавниот ред и мир, информираат од Министерството за внатрешни работи.

На протестот организиран околу изведување градежни работи на наведената улица, дошло до меѓусебно недоразбирање помеѓу Ј.С. (50) и Ф.А.(35) и двајцата од Скопје кои го нарушиле ЈРМ со меѓусебна тепачка, се вели во соопштението.

Во тепачката двете страни си размениле неколку удари од тупаници во пределот на главата и телото.

Министерството за внатрешни работи презема мерки за расчистување на случајот.