Протест против масовното труење: Забранете продажба на отрови - доста убиваме животни!

Стотина граѓани и активисти заедно со нивните миленици денеска о паркот „Жена борец“ во Скопје, го почнаа протестот против нехуманиот третман на кучињата и масовното труење кое се случуваше изминатава недела.

Според нив години наназад Македонија сериозно затајува на полето на хуманоста врз животните и крајно е време тоа да се смени.

Тие бараат институциите да не ги игнорираат барањата за хуман и одговорен третман на животните и најстроги затворски казни за секој еден што предизвикува јавна опасност, мачи и труе животни.

„Повеќе од итно е да се воспостави законска забрана за слободната продажба на отровите , виско токсични супстанци кои за 10 минути може да убијат и човек, а кои во Македонија му се достапни на секого. Изговори повеќе не смее да има – полицијата мора да врши сериозни истраги и стави крај на дивеењето по улиците, сторителите мора да бидат фатени и за секој кој злоупоѕребува отрови бараме без исклучок да се изрекува затворска казна“, бараат организаторите.