Настанот е пријавен во полициска станица како протестен марш за во недела на 17 декември со траење од 13:00 до 17:00 часот. Збирна точка ќе биде Собрание на РМ, а ќе се оди кон Град Скопје! 

Членовите и подржувачите на овој настан најстрого ги осудуваат немилите напади од страна на кучиња кои се случија и се случуваат! 

Тоа не значи дека некој треба да си дозволува да си ја зема правдата во свои раце и да ги труе невините животинки, наведуваат организаторите.

-Град Скопје треба да вложи во подобрување на условите и негата во Вардариште, а потоа проблемот со кучињата да биде соодветно решен. Мора да престане легалното продавање на отрови и насилството врз животни да биде казниво.  Човекот како најителигентно суштество во ланецот на исхрана многупати го докажувал спротивното, еве сега шанса да си го оправдаме поимот "луѓе". Светот не е само на човечката раса, додаваат тие.