Протест пред Владата, блокиран сообраќајот по „Илинденска“

Триесетина граѓани со возила денеска го блокираа сообраќајот пред Владата, предизвикувајќи нервоза и хаос во сообраќајот. Според полицијата, станува збор за претставници на Здружението на граѓани за борба против сиромаштијата, кои што ја блокирале улицата „Илинденска“.

Протестот се одрѓа во исто време додека премиерот Зоран Заев од прес-центарот на Владата го објави договорот што ќе биде потпишан на 1 август со бугарскиот премиер, Бојко Борисов за добрососедство и соработка.