Протест на лекарите против насилството врз медицинските работници

Медицинските работници денеска ја искористија получасовната пауза да излезат на протест во Клиничкиот центар против насилството кое им се случува години наназад, а зачестено во изминатата година, од страна на пациентите и нивните роднини.

Извршниот одбор на Синдикатот на Клинички центар го повика членството масовно да се придружи на овој протест. Најавено е и еднолично свирење со сирена преку кое вработените на Итната медицинска помош ќе изразат поддршка на протестот „Стоп за насилство врз медицинските работници“.

Како што информираа од Синдикатот, насилството врз докторите и медицинските сестри е рецидив од минатото, но актуелниот министер Венко Филипче не направил ништо за спречување на насилството.

Во изминатите 9 месеци, здравствените работници се соочиле со вкупно 15 физички напади од кои 2 минатата недела. Едниот напад се случи на клиниката во Тетово каде двајца браќа физички нападнаа доктор од кожното одделение, како и нападот во здравствената установа во Драчево каде беше нападната 60 годишна медицинска сестра.

Напад врз медицинските работници се случи и во градската болница Св. Наум Охридски каде роднини на пациент физички го нападнале медицинскиот персонал по што се приведени.
На протестот е најавено и присуство на министерот Венко Филипче.