Просторот зад Македонска филхармонија партерно ќе се уредува и зазеленува

Просторот позади Македонска филхармонија партерно ќе се уреди и озелени за што советниците на општина Центар ја усвоија одлуката за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу општината и Град Скопје.

– Со овој зафат ќе се опфати површина од 14.500 квадратни метри при што за зелени површини се планирани 7.500 квадрати, а за пешачки патеки 7.000 м2. Покрај постојните 23, ќе се засадат нови 60 нови дрва, ќе се постават 50 нови канделабри, 30 клупи и 45 канти за отпадоци, со што ќе се заживее и урбанизира овој простор, кој со години е запуштен и со исушено и оштетено зеленило – информираат од општина Центар.

На 19-тата седница на Советот на општина Центар беше изгласан и новиот Правилник за користење на јавните паркиралишта од значење на општина Центар, донесена од Управниот одбор на ЈП Паркинзи на општина Центар.

– Со новиот правилник ќе воведеме поголем степен на контрола и ред во паркирањето на територија на општината. На седницата ја усвоивме и одлуката за измени и дополнувања на Буџетот на општината – нагласуваат од Центар.