Простете им, затоа што тие не знаат што прават...

„Прости им, затоа што тие не знаат што прават.“

Овие зборови ги има кажано еден од најголемите Учители кои некогаш живееле: Исус Христос. 

Простете им, затоа што тие НЕ ЗНААТ што прават. 

Многумина од нас ги повторуваат овие зборови без да знаат што навистина значат. Сепак, оваа фраза стои пред нас, со толку едноставни и разбирливи зборови. 

Токму онака како што би требало да биде. 

Простете им. Тие навистина не знаат што прават.

Чудно звучи, зарем не? Како не знаеш што правиш, кога ти си тој што го прави?

Е па не е, не е некоја новост фактот дека поголемиот дел од луѓето во светот се во некој длабок сон. Луѓето одат низ животот, без да знаат, живуркајќи. Тешко е и да им објасните, речиси е невозможно.

Зошто тогаш да се трудиме? Не ни е работа да ги убедуваме другите. Но, треба да простуваме. 

И затоа послушајте ги зборовите на Исус Христос и простете. Не е важно што ви направиле, ваше е да простите. 

Зошто би очекувале змиите да летаат? Зошто да се замерувате ако тоа вам ви штети?

Простете им, заради себеси, затоа што додека не им простите, вие сте врзани за нив. Направете го тоа за себеси.

Простувањето ослободува, обидете се!