Проширена градинката „Гоце Делчев“ во Илинден

Отворен нов дел со капацитет од 170 деца во градинката „Гоце Делчев“ во скопската населба Илинден. Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, на свеченото отворање потенцираше дека големиот интерес на граѓаните го примора министерството да го зголеми капацитетот на проектот од иницијалните 120 на 170 дечиња. 

Па така, капацитетот на градинката сега е згрижување на вкупно 400 деца. Тој истакна дека продолжуваат максимално да вложуваат во подобрување на капацитетите за згрижување и едукација на деца.
Со најновото проширување додадени се 7 нови занимални, кујна и сала за приредби. Градинката отворена во 2009-та година првично имаше капацитет од само 80 деца. Набргу неопходно беше проширување, па во 2012-та се направи место за уште 150. Последното проширување е на површина од 60 метри квадтрани, со што површината на градинката сега изнесува 2 000 метри квадтрани.