Прошетката во Скопје не би била комплетна, ако не пробате од турскиот чај во Старата скопска чаршија

Старата скопска чаршија е од големо значење за скопјани, особено за оние постарите. Таа е срцето на градот.

Единственото место во градот каде има многу чајџилници, кафеани, занаетчиски дуќанчиња. Во минатото имало многу повеќе, но ги има и денеска.

Прошетките низ Стара скопска чаршија се секогаш прекрасни. Старите скопјани се потсетуваат како било некогаш, а како е сега. Мириса на убаво, мириса на Скопје, на старо Скопје.

И туристите ја сакаат Старата чаршија. Сакаат тука да се шетаат, да јадат, да пробаат од специјалитетите кои се нудат таму, едноставно да се опуштат и да уживаат. Но, никако да не го заборават турскиот чај.

Старите скопјани не велат залудно дека прошетката во Скопје не би била комплетна доколку не пробаш од турскиот чај, кој се нуди во чаршијата.