Просечната плата во Македонија во ноември: 22 380 денари

Државниот завод за статистика ги објави податоците поврзани со бруто и нето платата исплатена во ноември минатата година. 

Просечната месечна нето плата, исплатена во ноември месец минатата година изнесувала 22 380 денари. Тоа би било за 1,8% повеќе споредено со истиот месец претходната, 2015-та година. Просечната бруто плата пак, била 32 877 денари, што е за 1,9% повеќе од истиот период претходната година. Во ноември 2016-та година 1,4 % од вработените во Македонија не примиле плата. 

Ова се податоците објавени од страна на Државниот завод за статистика кои велат дека зголеувањето се должи главно на платите исплатени во секторите: рударство и ископување на камен, каде покачувањето било дури 10,5%. Зад рударите, поплатени од претходно биле и уметниците, како и оние од областа на забавата и рекреација за цели 8%, како и градежниците за 7,3%. 

Спротивно на тоа, намалување на просечните приходи имало во секторите објекти за сместување и сервисните дејности со храна за нешто повеќе од 5%. Намалување имало и во снабдувањето со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 3,8%, како и шумарството, земјоделството и рибарството за 3,2%.