Пронајди го патот кон себе и почни да живееш автентичен живот

Една од најтешките работи е да ги прифатиме работите онакви какви што се. Да ја прифатиме реалноста. Особено кога таа се разликува од нашата замисла затоа како треба да изгледа реалноста.

Првиот дел од животот ни поминува во собирање слики и идеи за тоа како треба да изгледаат и функционираат работите во реалноста, а потоа делуваме во склад со тие идеи и замисли. Кога ќе се случат некои отстапки, тоа нѐ доведува до фрустрации и создавање комплекси. Ретко ги преиспитуваме своите мислења, вредности и ставови. Голема е веројатноста дека речиси целиот живот постојано ја вртиме истата матрица во нашата комфорна зона. Понекогаш таа зона нѐ гуши нас и нашата душа. Понекогаш ни се случува некаков пресврт кој ни мава шамар. Но, сето тоа нѐ тера да се движиме.

Во нашите настојувања да побегнеме од работите со кои не сакаме да се соочиме, затоа што не ни се пријатни, во нашата душа се јавува чувство на страв и очај и така создаваме хаос во главата. Ја матиме водата, а водата треба да оставиме да се разбистри. Меѓутоа, тоа е она што ни е најтешко. Да останеме сами со себе во тишина. Тоа настојуваме да го избегнеме по секоја цена.

Болката покажува дека нешто не е во ред. Нешто не гледаме или одбиваме да го видиме. Одбиваме да се соочиме со тоа, затоа што тоа извлекува некои потешки чувства кои биле закопани и ги изнесува на површина. Страв, тага, болка... и така всушност страдаме. Сакаме да ги поттиснеме тие тешки чувства, да ги закопаме некаде длабоко, но, тие сакаат да се излечат. И тука настануваат пукнатините. Сакаме одново да се пронајдеме себеси. На она што навистина сме ние. Затоа што знаеме дека само сакаме да живееме свој, автентичен живот.

Чувствата се наш компас. Ни покажуваат каде сме, каде сакаме да одиме, што ни е потребно, што е она што нѐ радува. Дозволете си да ги почувствувате своите чувства. Дозволете си да бидете тажни кога чувствувате тага и радувајте се кога сте среќни.

Помирувањето со реалноста започнува со прифаќањето. Да се прифатиме себеси онакви какви што сме. Да ја прифатиме реалноста. Онаква каква што е. И да сфатиме дека ние сме океј, животот е океј. Сѐ е онака како што треба да биде.

Можеме да ги менуваме своите одлуки и насоката на движење. Тука сме за да учиме, да се развиваме и да искусуваме. Важно е само да бидеме искрени сами со себе.

Вистината ослободува.