Пронајдена вакцина против ХИВ? Ќе се тестира во Африка

Директорот на американскиот владин институт за алергии и инфективни болести (NIAID) Ентони Фоси, утрово изјави дека конечно е пронајден рецепт за вакцина од која се очекува да ја порази подмолната болест. Според него, вакцината „ветува многу“. 

Тестирањето на вакцината против вирусот ХИВ, за која научниците веруваат дека, доколку се покаже како успешна, би била последниот удар во борбата против оваа подмолна, модерна болест. Тестирањето ќе почне уште наредната недела во Јужноафричката Република. 

Тестирањето именувано „ХВТН 702“ ќе започне наредната среда, а ќе бидат вклучени 5 400 сексуално активни мажи и жени на возраст помеѓу 18 и 35 години, на 15 локации низ Јужноафричката Република. 

Тоа ќе биде најголемото  и најнапредно клиничко тестирање на вакцина во оваа земја, каде со ХИВ се заразуваат околу 1 000 лица дневно.