Пронајден починат маж во кампот за бездомници во Чичино Село

Во попладневните часови на вчерашниот ден (31 мај), во СВР Скопје било пријавено дека во кампот за бездомници во Чичино село бил пронајден починат 61-годишен скопјанец, времено сместен во кампот.

Смрт констатирал доктор од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.